Викенд Тарифа: Луксузните и егзотичните санки на Дедо Мраз

Во претходните неколку години, публикации како Car Magazine ги предизвикуваат производителите на автомобили да дизајнираат нова санка за Дедо Мраз, па сега да ги разгледаме сите понуди

Компании како Bentley, Land Rover па дури и Vauxhall се нафатиле за дизајнираат нова санка за Дедо Мраз. Некои се луксузни, а некои па и футуристички, сигурно и Дедо Мраз би сакал да ги искористи најнапредните технологии во својот „автомобил“.

Jagura F-Sleigh

Дедо Мраз

Гледајќи по името и скица, очигледно дека оваа санка е инспирирана од Jaguar F-Type кабриолет. Го позајмува дизајнот, но не и V-6 моторот со 380 коњски сили, туку користи нешто слично на авионски погон.

Bentley Sleigh

Дедо Мраз

Санка инспирирана од Bentley Continental GTC Cabrio која е дизајнирана од Јунво Џеонг. Можеме веднаш да ги запазиме  добро познатите карактеристики на Bentley како  предната решетка со логото врз неа и предните LED фарови.

Ferrari Sleigh

Флавио Манцони ја креирал оваа скица која  веднаш асоцира на нешто многу по спортско, спортска санка, нешто што би се очекувало од Ferrari.

Vauxhall Sleigh

Оваа санка на Vauxhall дава по футуристичко чувство на санка. Според компанијата, Рудолф го оставиле да одмори оваа година, додека санката е опремена со електричен мотор.

Ford Transit Sleigh

Во 2012 имало зголемен број на добри деца, па Ford му дизајнираа Ford Transit Connect санка за да му помогне во транспорт на поголемиот број на подароци.

 

Што мислите, која од овие санки највеќе би му одговарала на Дедо Мраз?

 

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close