fbpx

Инвестицискиот циклус на Макпетрол продолжува

Макпетрол продолжува со својата серија на инвестиции, а сега со овој проект е опфатена бензинската станица во централното градско подрачје на Тетово

Најголемиот дистрибутер на горива во нашата држава, компанијата Макпетрол, во изминатиот период вложи сериозни инвестиции во обнова на своите бензински станици, но и изградба на нови. Сето ова е со цел за подобрување и осовременување на својата мрежа на услужни објекти.

Сега, компанијата како дел од својот инвестицискиот циклус, се насочи кон реновирање на постојната бензинска станица во централното градско подрачје на Тетово. Благодарение на тоа станицата сега доби современ и функционален изглед, задоволувајќи ги највисоките технички и безбедносни стандарди.

Вкупната инвестиција за реконструкција на оваа бензинска станица изнесува околу 70 милиони денари. Секако, на бензинската станица се достапни горивата од Ultra фамилијата на Макпетрол, вклучително и течниот нафтен гас за возила.

Макпетрол нема да застане тука, туку напротив, според најавите, ќе продолжи и понатаму со инвестицискиот циклус, следејќи ги најновите достигнувања и иновации во делокругот од своето работење, со особена посветеност кон унапредување на високиот квалитет на производите и услугите наменети за своите лојални потрошувачи.

Поврзани вести

Back to top button