fbpx

Шпаркасе Лизинг со нов производ за набавка на еко возила

Малите и средни претпријатија во нашата држава ќе добијат шанса да инвестираат во нови комерцијални возила благодарение на финансирањето од ЕБОР

ЕБОР – Европската банка за обнова и развој обезбедува средства за малите и средни претпријатија во Македонија со цел тие да можат да инвестираат во нови комерцијални возила со повисоки стандарди, кои ќе можат да ги пресретнат регулативите на ЕУ кои се поврзани со заштита на околината, здравјето, како и квалитетот и безбедноста на производите.

ЕБОР одоби кредит од еден милион евра за Шпаркасе Лизинг, компанија која е во сопственост на Шпаркасе Банка Македонија, а ова претставува прва инвестиција на Европската банка за обнова и развој во лизинг секторот во нашата држава. Најголемиот дел од ова финансирање ќе биде насочено за поддршка на еколошките проекти за намалување на емисијата на штетни гасови, а притоа малите и средните претпријатија ќе добијат шанса да го прошират и подобрат своето работење преку овозможување на лизинг за обновување на возните паркови како камиони, автобуси и електрични и хибридни возила.

Ова финансирање од страна на ЕБОР преку Шпаркасе Лизинг доаѓа како дел од Програмата за поддршка на малите и средни претпријатија и е поддржана од Европската унија, а фокусот е кон подобрувањето на оперативните стандарди на малите компании за зголемување на конкурентноста на пазарите.

Сите мали и средни претпријатија кои ќе одлучат да учествуваат во програмата ќе можат да добијат грант во износ од 15 проценти од сумата на лизингот за набавување на нови возила кои ги задоволуваат Еуро-6 стандардот.

„Од програмата за конкурентност, ЕУ обезбедува 15% грант за кредитите и корисниците на лизинг за МСП. Кај кредитите, ова веќе се покажа како мошне успешна пракса во однос на намалување на трошоците за финансирање на компаниите. Очекуваме и оваа поддршка за користењето на лизинг да биде еднакво атрактивна“, изјави Никола Бертолини, раководителот за соработка во Делегацијата на ЕУ во нашата земја.

Поврзани вести

Back to top button