fbpx

Manhart ја претстави својата верзија на Audi RS Q8

RS Q8 е најбрзиот и најмоќниот SUV на Audi, но тјунерите и понатаму не можат да му одолеат и секогаш наоѓаат начин да го унапредат дополнително

Откако претходно тјунерската куќа ABT ја претстави својата верзија на Audi RS Q8, сега истото го направи и компанијата Manhart. Од оваа компанија бараат дури 280.000 евра за својата значително модифицирана верзија, а ќе бидат направени само 10 примероци со RQ 900 спецификации.

Manhart подготви широк body kit, хауба направена од карбон со вентилациски отвори, преден лип спојлер, прагови, проширувања на штитниците за кал и страничен дифузор од истиот материјал. Дел од пакетот е и новиот сет од 23-инчни алуминиумски фелни со двојни краци, како и нов издувен систем со четири завршетоци на издувните цевки. Manhart обрна внимание и на системот за потпирање, па овој SUV сега е понизок за 30 милиметри. Внатрешноста може да биде обложена со Manhart кожа и алкантара, а достапни се и специјални патосници и детали во златна боја.

Manhart

Најголемите промени се направени под хаубата каде се наоѓа 4,0-литарскиот битурбо V8 кој веќе не развива 592 КС и 800 Nm максимален вртежен момент, туку монструозни 887 КС и 1.080 Nm. Со цел да може да се носи со дополнителната моќност, подобрен е осумстепениот автоматски менувач преку кој моќноста се пренсува на Quattro погон на сите четири тркала.

Manhart

Перформансите на RQ 900 не се познати, но познато е дека фабричкиот Audi RS Q8 до „стотка“ стигнува за 3,8 секунди, до 200 за 13,7 секунди, а максималната брзина изнесува 305 километри на час. Со оглед на тоа дека Manhart значително ја зголеми моќноста на моторот, реално е да се очекуваат и подобри перформанси.

Поврзани вести

Back to top button