fbpx

Март, најдобриот месец во историјата на Seat

Со продажба од 62.500 возила, минатиот месец шпанскиот бренд го достигна својот најголем обем на продажба во еден поединечен месец

Во март, Seat го достигна својот најголем обем на продажба во еден поединечен месец, во речиси седумдецениската историја на постоење. Шпанскиот автомобилски производител продаде 62.500 возила, што е за 3,5% повеќе во однос на март месец изминатата година, што до сега претставува највисока продажна бројка за еден месец.

Резултатите од март допринесоа кон затворање на рекордниот прв квартал на Seat. Во споредба со првите три месецина на минатата 2018 година, глобалната продажба на компанијата се зголеми за 8,8%, а испорачаните 151.400 возила помогнаа во рушење на минатогодишниот рекорд на првото тримесечје од 139.200 возила.

Секако, значајна улога играат и испораките на брендот Cupra, кои влијаат врз резултатите на компанијата. Во првиот квартал од 2019 година, Cupra бележи продажба од 6.000 возила, што е 115,7% повеќе во однос на истиот период од претходната година. Ова главно се должи на новата Cupra Ateca, која предизвика големо внимание кај купувачите, со што има значителен придонес кон продажбата на брендот.

„Широкиот нов спектар на производи ни овозможи да го срушиме рекордот во првиот квартал од годината. Економското сценарио предизвика многу несигурности и предизвици, кои го прават постигнатиот рекорд уште поизразен. Новиот Seat Tarraco ќе влијае позитивно на нашата глобална продажба, што само ни ја зголемува довербата за остатокот од тековната година“, изјави Вејн Грифитс, потпретседател на Seat за продажба и маркетинг, како и извршен директор на Cupra.

Поврзани вести

Back to top button