fbpx

Maserati објави две нови тизер видеа за хибридниот Ghibli

Две нови тизер видеа за долго очекуваниот Maserati Ghibli Hybrid се објавени на официјалниот Facebook профил на италијанската компанија во пресрет на премиерата

Maserati Ghibli Hybrid пристигнува на 16 јули, а по тој повод италијанската компанија одлучи да сподели барем дел од изгледот на автомобилот. Првиот тизер го открива легендарното трио на мали отвори за воздух над предните тркала кои сега ќе содржат плави акценти како потсетник за хибридниот погон на автомобилот. Од друга страна, вториот тизер прикажува поголем дел од самиот автомобил и за тоа како предниот дел од возилото ќе изгледа.

Во најголем дел, промените на предницата делуваат минимални во однос на актуелниот Ghibli модел. Автомобилот се карактеризира со препознатливата Maserati предна решетка, а исто така тука се и широките отвори за воздух на долниот дел од браникот. Од видеото може да се забележат и предните светла кои се мошне слични со актуелниот Ghibli, иако можеби делуваат малку поостро и поагресивно.

Техничките детали кога станува збор за хибридниот Maserati Ghibli остануваат тајност до самата премиера на возилото. Но, и покрај ова, автомобилот најверојатно ќе биде plug-in хибрид кој ќе комбинира 2,0-литарски четирицилиндричен турбо мотор и електромотор. Според некои информации, вкупната моќност на автомобилот ќе биде 325 КС.

Пристигнувањето на хибридниот Ghibli не е единствената новина кога станува збор за Maserati, со оглед на тоа дека италијанската компанија неодамна го претстави својот нов мотор кој ќе се користи во сите идни модели на компанијата. Исто така, Maserati подготвува и втор фејслифт за Ghibli во целост кој ќе вклучува променет преден и заден дел, како и унапредувања во ентериерот, каде ќе се најде поголем инфозабавен систем кој најверојатно ќе пристигне со помодерен софтвер. Повеќе информации за хибридниот Maserati ќе дознаеме на 16 јули за кога е закажана премиерата на електрифицираниот Ghibli.

Поврзани вести

Back to top button