fbpx

Maserati со Ghibli и Levante Ultima го испраќа V8 во историјата

Maserati го испраќа препознатливиот V8 погон со претставувањето на специјалните Ghibli 334 Ultima и Levante V8 Ultima верзии

Maserati откри две специјални изданија на Ghibli и Levante како збогување со својот V8 мотор кој ќе излезе од производство кон крајот на 2023 година. Специјалните модели беа претставени на Фестивалот на брзината во Гудвуд минатиот викенд, а Maserati сега сподели повеќе официјални фотографии.

Двете специјални изданија се опремени со битурбо V8 од Ferrari кој произведува 580 КС и 729 Nm вртежен момент, како кај варијантите Trofeo. Моделите Ultima го означуваат крајот на линијата за осумцилиндричниот погон кој е составен дел од историјата на Maserati од 1959 година, оставајќи го Nettuno V6 како основен мотор на гамата со погон на внатрешно согорување веднаш до целосно електричните верзии на Folgore.

Maserati Ultima

Maserati Ghibli 334 Ultima

Почнувајќи од Ghibli 334 Ultima, неговото име се однесува на максималната брзина од 334 км/ч што е за 8 км/ч повисока од Ghibli Trofeo. Според италијанскиот бренд, ова го прави „најбрзиот меѓу седаните со мотор со согорување“. Всушност, италијанскиот седан е 1 км/ч побрз од Bentley Flying Spur Speed со W12 погон кој претходно ја имаше оваа титула. Што се однесува до забрзувањето, спринтот од место до „стотка“ се комплетира за 3,9 секунди.

Maserati Ultima

Визуелно, се одликува со сината нијанса Persia, акцентите од карбон и длабоките натписи Rosso Rubino 334 на калниците што одговараат на амблемот на Maserati на централните капачиња на сивите алуминиумски тркала. Внатре го наоѓаме логото 334 Ultima на потпирачите за глава и на нумерирана плоча на централната конзола. Светло обоената бледа теракота (тен) и црната мека кожа и тапацирот од Алкантара се комбинирани со акценти од карбон и неколку сјајни парчиња.

Maserati Ultima

Maserati Levante V8 Ultima

Преминувајќи кон специјалното издание на големиот SUV на Maserati, Levante Ultima може да се има во две различни спецификации. Половина од 206-те единици ќе бидат обоени во Nero Assoluto (црна) нијанса, а половина во Blu Royale (сина). И двете имаат контрастни црвени букви „V8 Ultima“ на браниците, детали од карбон, сјајно црни алуминиумски тркала и соодветни шапи на сопирачките.

Внатре, Levante Ultima ја дели истата комбинација на бледа теракота (тен) и црна боја со Ghibli 334 Ultima, додавајќи акценти на карбон со висок сјај. Слично, логото V8 Ultima може да се најде на потпирачите за глава и централната конзола додека панорамскиот покрив е вклучен во стандардниот комплет.

Maserati не ги објави цените за специјалните изданија, но судејќи според нивната ограничена достапност и колекционерски статус, тие најверојатно ќе бидат поскапи од сличните модели на Trofeo. Компанијата потврди дека производството на старите Ghibli, Levante и Quattroporte ќе заврши кон крајот на 2023 година, но сите модели ќе продолжат да бидат достапни во 2024 година се додека има преостанатата залиха.

Поврзани вести

Back to top button