fbpx

Maserati со осврт на минатото и поглед кон иднината

Италијанската компанија Maserati ја прославува својата 106-годишнина преку преглед на минатото и најава на својата иднина

Приказната на Maserati започнува во 1914 година, кога Алфиери Масерати ги здружува силите со своите браќа, Еторе и Ернесто, со цел да ја создаде компанијата. Иако брендот на почетокот оригинално бил фокусиран на мотоспортот, на крајот тие го насочија своето внимание и на патничките модели.

Голем број од овие сега се дел во Maserati A-Z филмот, кој беше објавен со цел да се прослави роденденот на брендот. Преку 30 модели се прикажани во клипот, вклучително и Bora, Boomerang и Biturbo. На нив им се приклучуваат и 3500 GT, Ghibli SS и Quattroporte.

И додека поголемиот дел од видеото е насочен на минатото, исто така се осврнува и на иднината на компанијата. MC20 е прикажан тука и тоа не е изненадување бидејќи станува збор за најновата „перјаница“ на брендот. MC20 се карактеризира со битурбо 3,0-литарски V6 мотор кој испорачува 630 КС и 730 Nm. Ова овозможува забрзување до „стотка“ за помалку од 2,9 секунди, пред да се достигне максимална брзина од 325 километри на час.

Новиот MC20 исто така ќе помогне во електрификациската офанзива на Maserati, со оглед на тоа дека ќе пристигне и Folgore варијанта со три електромотори. Компанијата засега останува таинствена за спецификациите, но MC20 Folgore ќе биде помоќен од стандардниот модел и ќе има автономија од 322 километри.

На крајот, клипот ги прикажува целосно новиот Grecale и редизајнираниот GranTurismo. Grecale се очекува да пристигне следната година и да биде поставен под Levante. Малку се знае за моделот во овој момент, но се очекува да има влијание од Alfa Romeo Stelvio и да биде достапен со бензински, хибриден и електричен погон.

Maserati

Од друга страна, GranTurismo ќе биде спортски автомобил со четири седишта и ќе биде првиот целосно електричен Maserati. Се очекува да пристигне во 2022 година заедно со новиот GranCabrio. Maserati не открива многу детали за моделот.

Поврзани вести

Back to top button