fbpx

McLaren Artura е неверојатно брз суперавтомобил

Речиси и да немаше дилеми дека новиот McLaren Artura ќе биде исклучително моќен суперавтомобил, а сега тоа е потврдено и од страна на британскиот производител

McLaren Artura ја доживеа својата премиера пред нешто помалку од два месеци, а сега британскиот производител ги истакна и перформансните карактеристики и детали за plug-in хибридниот хиперавтомобил. Иако се претпоставуваше дека ќе станува збор за исклучително моќен суперавтомобил, тоа сега е и потврдено.

Според официјалните податоци, Artura од нула до „стотка“ стигнува за точно три секунди, а до 200 километри на час се „катапултира“ за 8,3 секунди. До 300 километри на час, овој plug-in хибриден суперавтомобил стигнува за 21,5 секунди. Импресивните спецификации не завршуваат тука, бидејќи Artura може да помине четврт милја за 10,7 секунди. Максималната брзина е ограничена на 330 километри на час.

Artura

Кога станува збор за погонот, McLaren Artura се напојува со битурбо 3,0-литарски V6 мотор со „hot-vee“ поставка кој испорачува 585 КС и 585 Nm максимален вртежен момент, а стигнува и до 8.500 вртежи во минута. Самиот агрегат е 50 килограми полесен од стариот 4,0-литарски V8, а главата и блокот на цилиндрите користат 3D печатени јадра. Исто така, моделот е опремен со целосно новиот осумстепен менувач кој нема степен за возење наназад. Ова е интересно само по себе, но трансмисијата е уште поинтересна по тоа што има електромотор вграден во куќиштето на менувачот. Истиот испорачува 95 КС и 225 Nm.

Електромоторот се напојува од 7,4 kWh литиум-јонска батерија и ова и овозможува на Artura да помине околу 30 километри користејќи исклучиво електрична енергија. Уште поважно, моторот и електромоторот можат да работат заедно со што автомобилот добива комбинирана моќност од 680 КС и 720 Nm.

Поврзани вести

Back to top button