fbpx

Mercedes-AMG A45 S пристигна во Македонија

Во салонот на Мак Ауто Стар во Скопје наидовме на Mercedes-AMG A45 S, моќниот хечбек на германскиот производител кој сега пристигна и кај нас

Супер моќниот хот хеч на Mercedes-AMG, моделот A45 S, сега пристигна на македонскиот пазар, а редакцијата на Авто Плус имаше можност да го забележи во продажниот салон на Мак Ауто Стар во Скопје и одблиску да се запознае со неговите квалитети.

Станува збор за исклучително моќен автомобил, со оглед на тоа дека покрај AMG значката го добива и суфиксот S крај своето име, а тоа значи уште поголема брзина и моќност. Под хаубата на AMG A45 S се наоѓа 2,0-литарскиот турбо четирицилиндерски мотор кој испорачува вртоглави 421 КС и 499 Nm максимален вртежен момент. Благодарение на ова, спринтот до „стотка“ се изведува за 3,9 секунди, а максималната брзина е 270 километри на час.

AMG A45 S

Моторната единица пристигнува со новиот осумстепен автоматски менувач со двојна спојка и 4Motion и системот за погон на сите четири тркала. Системот за погон на сите четири тркала содржи AMG Torque Control System, а тука е и Drift режимот, со што AMG A45 S не е само моќен автомобил, туку исклучително талентиран и забавен за разлика од своите претходници.

AMG A45 S

За да се обезбеди максимално искуство при понудените перформанси, потребно е да се обезбеди поцврста основа за суспензијата, кое е постигнато со дополнително засилување на каросеријата.

Она што ја издвојува оваа верзија од останатите во гамата е агресивниот изглед на предната решетка и четириаголниот издувен систем. Исто така, забележливи се хоризонталните перки на браниците, поагресивниот заден дел и покривниот спојлер. AMG A45 S е поставен на сет од 19-инчни тркала, зад кои се наоѓаат црвените сопирачки со AMG натпис.

Во внатрешноста се истакнуваат спортските елементи и жолтите акценти, како и предните спортски седишта.

За повеќе информации посетете го продажниот салон на Mercedes во Скопје.

Поврзани вести

Back to top button