Mercedes-AMG објави нов тизер за Project One

Mercedes-AMG Project One е инспириран од Formula 1, а сега германската компанија одлучи да го прикаже на тркачка патека во своето најново тизер видео

Project One е прикажан во кратко видео од страна на Mercedes-AMG во кое F1-инспирираниот автомобил е покажан како се снаоѓа на тркачката патека во сега веќе препознатливата црвено-сребрена камуфлажа. Претходно, овој автомобил го возеше Луис Хамилтон во декември минатата година.

„Се уште не можам да поверувам дека наскоро ќе има хиперавтомобил со Formula 1 мотор. Го освоивме светскиот шампионат со овој мотор во 2015 година, а јас бев вклучен во развојот подолго време. Имав можност да го возам Project One за верме на снимањето на новата кампања и навистина сум многу горд на неверојатните напори кои Mercedes-AMG ги вложува во овој проект. Овој автомобил е апсолутно уникатен“, изјави тогаш Сер Луис Хамилтон.

Project One ќе се карактеризира со мотор кој Хамилтон многу добро го познава, со оглед на тоа дека е истиот 1,6-литарски V6 мотор кој го напојуваше неговиот Formula 1 болид на патот до шест шампионски титули. Со можност за достигнување до 11.000 вртежи во минута во патички трим, моторот треба да испорачува повеќе од 1.000 КС и максимална брзина повисока од 350 километри на час.

Mercedes-AMG го посочува и електфицираниот аспект на автомобилот, што е и логичен потег. Исто како и во Formula 1, Project One користи електромотори со цел да ги достигне своите луди перформансни бројки.

Project One

Formula 1 автомобилот за секојдневна употреба на Mercedes-AMG требаше да дебитира кон средината на 2020 година, но одложувањата значеа дека точниот датум на лансирање во моментов е непознат. Без оглед на сето тоа, Mercedes-AMG ја исполни квотата за нарачка од 250 модели и покрај тоа што секој од нив чини 2,5 милиони долари.

Поврзани вести

Back to top button