fbpx

Mercedes-AMG се пофали со новата каросерија на SL

AMG одделението на Mercedes објави уште еден официјален преглед на новата генерација на SL со откривање на детали околу новата каросерија

Mercedes-AMG на големо работи на новата генерација на својот SL модел, а во пресрет на дебито и премиерата, ги претстави деталите околу новата композитна алуминиумска каросерија на возилото. Конструкцијата на новата генерација на автомобилот, која комбинира алуминиумска рамка со самостоечка структура, не е поврзана со актуелниот AMG GT Roadster и е развиена целосно од нула.

На овој проект работел тим од шестмина и им биле потребни нешто помалку од три години за да ја комплетираат новата каросерија. Станува збор за сериозен предизвик, со оглед на тоа дека новиот SL се одликува со 2+2 седишта, а ова прави потешко да се постават одредени возачки системи, со што инженерите се соочиле со предизвик да ги унапредат латералните и надолжните динамики, како и да ги пресретнат високите очекувања кога станува збор за безбедноста и комфорот.

Производителот вели дека во споредба со актуелниот SL, торзионалната крутост на каросеријата е зголемена за 18 проценти. Трансверзалната и надолжната ригидност е зголемена за 50, односно 40 проценти во однос на AMG GT Roadster. Се на се, структурата, без вратите, хаубата, багажникот и дополнителните делови, тежи околу 270 килограми.

Новиот SL треба да се најде во продажба кон крајот на 2021 или почетокот на следната година, а моделот ќе се одликува со мошне ниско тежиште. Во понудата треба да се најдат четири, шест и осум цилиндерски моторни единици.

Поврзани вести

Back to top button