Нови фотографии од новата генерација на Mercedes SL

Германскиот производител Mercedes полека се подготвува за премиерата на новата генерација на својот модел SL, која треба да се случи оваа пролет

Новата генерација на Mercedes SL ќе пристигне исклучиво како перформансен модел, односно во AMG издание, а по прв пат во истороијата, овој модел ќе биде понуден и со погон на сите четири тркала. Германскиот производител во моментов со своите инженери и тест возачи минуваат низ финалната ваза на тестирање, а дел од тоа се и тестовите во снежни и студени услови.

За оваа последна рунда на тестирања, Mercedes ги дава и своите последни обриси и калибрации на 4Matic системот за погон на сите четири тркала на својот автомобил. Инженерите исто така работат да се осигураат дека новиот платнен покрив ќе може да се избори со сурови услови, како екстремно ниски температури и големи падежи на снег. Следната фаза од развојот на SL ќе биде на легендарната патека Нирбургринг, каде што ќе се брусат управувачките карактеристики.

Кога станува збор за изгледот, од фотографиите можеме да забележиме дека новиот SL е под голема доза на камуфлажа, но и покрај тоа можат да се изведат некои заклучоци. Пред се, јасно е дека AMG е задолжен за дизајнот, бидејќи новиот модел изгледа прилично агресивно. Сепак, нема драстични промени кога станува збор за формата на возилото, односно тука и понатаму е долгата хауба и краткиот заден дел на возилото.

Според прелиминарните информации, базичниот Mercedes SL модел ќе се карактеризира со 2,0-литарски турбо мотор со околу 400 КС. Над тоа ќе се најде SL63 кој ќе добие битурбо 4,0-литарски V8, а на врвот на понудата се очекува да се најде и високо перформансен plug-in хибриден модел со околу 800 КС моќност.

Поврзани вести

Back to top button