НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Mercedes CLS за прв пат со 2.0-литарски бензински мотор

Првата генерација на купеовски дизајнираниот седан Mercedes CLS се предлагаше само со V6 и V8 мотори, а најмалиот беше од 3.0 литри

Во втората генерација имаше 4-цилиндерски битурбо дизел со волумен од 2.1 литри. Сега компанијата оди уште подалеку и ја подготвува третата, најнова генерација на 2.0-литарскиот бензински мотор. Новиот Mercedes-Benz CLS 350 го донесува  моторот M264, кој дебитираше во E класа минатата есен.

Mercedes CLS Турбокомпресорот придонесува за моќ од 299 КС и 400 Nm, кои работат во комбинација со хибридниот систем EQ-Boost. Тој е со стартер-генератор напојуван од посебна 48-волтна мрежа. Малиот мотор нуди 14 коњски сили и 150 Nm, помагајки при забрзување, а исто така може да го изгасне и да го запали бензинскиот мотор додека возите.

На пазарите во Европа Mercedes CLS 350 ќе се нуди само со заден пренос, додека на другите ќе биде достапен само со погон 4Matic со класичен меѓуоскин диференцијал. 

Mercedes CLSЗабрзувањето од 0 до 100 km/h e 6,2 секунди, а максималната брзина е електронски ограничена на 250 km/h. Модификацијата со 2.0-литарски мотор ќе биде достапна само во верзија Sport, која вклучува кожен ентериер, матрични фарови, задна камера, грејачи на воланот и на предните седишта, 19-инчни фелни и др.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close