fbpx

Mercedes ги објави првите тизери и детали за новиот EQS SUV

Mercedes објави цела серија на тизер фотографии на кои се прикажуваат ентериерот и екстериерот на EQS SUV, заедно со детали за врвната технологија

Целосно електричниот EQS SUV се подготвува за својата премиера, а во меѓувреме Mercedes објави цел сет на тизер фотографии во кои е прикажан прототипот за време на тестирањата, како и фотографии кои го откриваат ентериерот. Покрај ова, Mercedes ги објави и првите детали кога станува збор за врвната технологија која ќе се најде во луксузниот SUV.

Фотографиите од ентериерот ја откриваат контролната табла која изгледа речиси идентично како онаа која имавме можност да ја видиме кај EQS електричниот седан и неговиот EQE помал брат. Инаку, EQS SUV е третиот електричен Mercedes кој ќе биде изграден на новата посветена ЕВ архитектура на Mercedes. Исто како и кај EQE и EQS седаните, MBUX Hyperscreen е моментот кој привлекува главно внимание и кај EQS SUV. Технички станува збор за опционален дел од опремата, а истото важи и за третиот ред седишта кои се достапни на барање на купувачите. MBUX Hyperscreen гарантира 56 инчи екран во кабината, а всушност станува збор за три различни единици како дигитален инструмент кластер, централен екран на допир и трет 12,3-инчен екран пред совозачот, но паметно се спакувани да делуваат дека се еден џиновски екран.

Технологија за безбедно гледање на филмови и видео материјали

Патниците ќе можат да го користат својот дел од екранот за да гледаат филм или било каква видео содржина кога автомобилот се движи, а она што е особено интересно е дека ако возачот се обиде да фрли поглед кон екранот додека вози, камера го детектира неговото лице како се движи и автоматски го затемнува екранот за возачот да не ја загрозува својата и безбедноста на останатите.

Mercedes EQS SUV

Од Mercedes велат дека вториот ред од седиштата се електронски прилагодливи и дека висината на опционалниот трет ред е поудобен, отколку кај конвенционалниот GLE. SUV моделот исто така ќе биде обложен со премиум материјали, вклучително и хибрид направен од магнолија дрво и нерѓосувачки челик, а покрај тоа купувачит ќе можат да уживаат и во квалитетниот звук од Dolby Atmos аудио-системот.

Mercedes не објави технички детали за EQS SUV со фотографиите, но се очекува погонот да биде сличен со оној кај EQS седанот. Тоа значи базичен модел EQS 450+ со еден електромотор со 334 КС и погон на задните тркала, односно EQS 580 4Matic со 523 КС. Тука е и AMG перформансниот знаменосец со 725 КС, а во поставата најверојатно ќе се приклучи и Maybach опцијата.

Поврзани вести

Back to top button