fbpx

Mercedes го објави првиот тизер за освежената E Класа

На годинешното издание на Саемот за автомобили во Женева ќе се појават неколку нови производи на Mercedes, вклучително и унапредената Е класа

Mercedes-Benz го објави првото тизер видео на социјалните мрежи на која се забележува предната светлосна група, како и го навестува изгледот на решетката на редизајнираната E Класа. Од германската компанија со видеото напишаа и coming soon, со што премиерата најпрво ќе се одржи во дигитален облик, односно дека Mercedes најпрво ќе го прикаже освежениот седан на интернет, а дури потоа ќе ја доживее својата јавна премиера на Саемот за автомобили во Женева.

Meet Mercedes настанот ќе се одржи ден пред Саемот за автомобили во Женева, на 2 март 2020 година, на локацијата HEAD – Geneve. Новинарите ќе имаат прилика да се запознаат со иницијалните иновации во новата Е класа, како и да разговараат со стручњаците од Daimler во неформална атмосфера. Прес-конференцијата е закажана за 8:30 часот на првиот новинарски ден, 3 март 2020 година.

Coming soon. The new E-Class.

Publiée par Mercedes-Benz sur Jeudi 27 février 2020

Новата E Класа со неколку новини

Германскиот премиум производител останува мистериозен кога станува збор за престојното издание на E класа. Познато е дека според германската традиција промените ќе бидат минимални, а тоа се однесува на новите светла, нешто поинаквите браници и можеби променета решетка. Сличните мали промени ќе одразат и во кабината, на пример, тоа се однесува на целосно редизајнираниот управувач, достапен во различни верзии, како и во MBUX инфозабавниот систем кој е дел од стандардната опрема со два големи екрани од 10,25 инчи поставени еден покрај друг со што се создава единствена целина од инфозабавниот систем.

Унапредувањето исто така претставува подинамичен дизајн, како и спортска Avantgarde надворешност, како и последна генерација на помошните системи Active Distance Assist DISTRONIC, Active Stop-and-Go Assist, Active Steering Assist и многу други.

Но, она то ќе се случи под хаубата е веќе сосема друго и далеку позначително. Mercedes претходно најави проширување на палетата на своите моторни единици со низа хибридни погони. Освен благите хибриди, германскиот бренд ќе понуди и plug-in хибриди, се со цел да се намали флотната емисија на штетни гасови. Една од хибридните варијанти ќе бидат изложени токму во Женева. Комплетните информации за рестилизираната E класа ќе бидат достапни во следните неколку дена.

Поврзани вести

Back to top button