fbpx

Mercedes подготви унапредување за електричните EQB и EQA

Mercedes EQA и EQB добиваат нови панели со ѕвездена шема плус поврзување Plug & Charge, поголем опсег, надградена инфозабава и нови функции за претплата

Mercedes-Benz одлучи да ги освежи своите електрични SUV модели EQA и EQB. Оваа одлука доаѓа и по малку неочекувано, но сепак секои подобрувања се секогаш добредојдени. Она што е необично е временскиот период кога се случуваат овие ажурирања. Имено, EQA (електрична верзија на кросоверот GLA) беше претставена во пролетта 2021 година и беше пуштен во продажба подоцна истата година, што значи дека е е во продажните салони салони две години. Од друга страна, EQB е уште помлад, бидејќи дебитираше неколку месеци по неговиот помал брат.

И покрај сето ова, Mercedes одлучи да ги „затегне“ и двата модели со цел да ги усогласи со електричните возила EQ на компанијата според нивната цена. Двата модели стандардно ја добиваат црната решетка со ѕвездички и светлосна лента што ги поврзува дневните светла, плус некои промени на браниците и задните светла. Но, има многу други помали промени, кои, иако не се баш привлечни кога се разгледуваат поединечно, би требало да ги направат двата електрични возила попожелни.

Повеќе технологија, подобра инфозабава

Освежените EQA и EQB сега доаѓаат стандардно со централен екран на допир од 10,25 инчи кој и онака беше стандарден на повеќето пазари. Системот работи на најновата верзија на софтверот MBUX на Benz, кој носи три стилови на прикажување, 10 опции за бои и интерфејс Zero Layer, што значи помалку лизгање низ милиони менија за да ја пронајдете функцијата што ја барате. Паметните телефони сега можат безжично да се поврзат со Apple CarPlay или Android Auto, гласовниот асистент се тврди дека е покорисен за да се компензира загубата на подлогата, а опционалниот систем за опкружувачки звук Burmester сега има Dolby Atmos и звучни „искуства“.

Mercedes EQA EQB

Остатокот од дополнителната опрема, вклучувајќи Active Distance Assist Distronic управување со брзина и навигација со зголемена реалност може да се купи директно или преку претплата и откако автомобилот ќе излезе од фабриката, а сето тоа се активира со бежично ажурирање преку воздух. Од Mercedes исто така велат дека подобрената технологија на сензорите значи дека функцијата за задржување лента и помошните средства за паркирање се попрефинети во работењето кај освежените EQA и EQB.

Повеќе опсег

Поставата на EQB за 2024 година изгледа многу како онаа што ја заменува – исто како и EQA бидејќи ја користи истата батерија и мотори. Но, основниот EQB 250 што беше достапен во некои региони се чини дека исчезна. Опсегот сега започнува со едномоторниот 250+ со 190 КС пред да се зголеми на конфигурација со два мотори и погон на сите тркала за EQB 300 со 228 КС и EQB 350 со 292 КС.

Mercedes EQA EQB

EQB 250+ верзијата веќе доаѓа со поголема батерија (70,5 kWh наспроти 66,5 kWh за 4Matic) што ја нагласува нејзината позиција како верзија со најголем опсег, но некои оптимизирања за 2024 година го подобрија опсегот на WLTP од максимум 506 км до 536 километри, додека автомобилите со двоен мотор ќе поминат до 448 километри, што сепак не е одлично, но барем претставува зголемување од 29 км. И додека максималната стапка на полнење со еднонасочна струја и за EQA и за EQB е сè уште 100 kWh, додавањето на технологијата Plug & Charge позајмена од поголемите електрични возила на Benz треба да го забрза целокупното полнење.

Mercedes EQA EQB

Другите надградби од 2024 година на двата ЕВ ја вклучуваат опцијата за приколка на EQB со пет седишта, нешто што веќе беше достапно за верзиите со три реда и ревизии на управувачот и внатрешната опрема.

Продажбата на освежените EQB и EQA започнуваат оваа есен, а испораките следат на почетокот на 2024 година.

Поврзани вести

Back to top button