Хамилтон ја посакува петтата титула со Mercedes W09

Светските шампиони од Mercedes го презентираа на британската патеката Силверстоун новиот болид за сезоната 2018 - W09

Валтери Ботас ги возеше првите кругови зад воланот на W09, а актуелниот светски шампион Луис Хамилтон најави дека се надева на петта титула со новата изведба.

W09 е еволуција на автомобилот од минатата година, но шефот на тимот Тото Волф објасни дека една од најважните цели пред тимот била да се отстранат потешкотиите при подесувањето на автомобилот, поради кои минатата година тимот имаше сериозни проблеми. Тој објасни дека W08 беше многу брз, но имаше „карактер на примадона”. Освен тоа, од Mercedes направиле најголеми чекори кон дополнително „намалување” на задниот дел на автомобилот, токму таму каде што е сместен менувачот.

W09

Според Волф, во новата сезона барем три тима ќе се борат за победите: Mercedes, Ferrari и Red Bull. Во 2017 година пилотите на Mercedes освоија 12 победи во 20 трки, а тимот во 80% од натпреварите одржани по воведувањето на новите турбо мотори во спортот.

W09

Поврзани вести

Back to top button