MG Extender дебитира како прв пикап на брендот

Британскиот бренд продолжува да ги искористува ресурсите на матичната компанија SAIC со лансирање на својот прв пикап во Тајланд

Откако го преименуваа Baojun 530 SUV и го лансираа во Индија како MG Hector, компанијата сега го стори истото со пикапот од средна големина, Maxus T70 на SAIC во Тајланд. Покрај замената на беџот, единствената промена што MG ја направи на Т70 е тоа што ја примени својата корпоративна решетка и да го пренесе воланот на десната страна за да ги почитува прописите за сообраќај во Тајланд.

Extender е достапен во две конфигурации на каросеријата: продолжена и кабина за екипаж. И двете верзии се напојувани со истиот мотор, односно 2,0 литарскиот турбо дизел кој испорачува моќност од 160 коњски сили и 375 Nm вртежен момент.

Extender

Достапен е и избор на трансмисија, односно шест-степен рачен и шест-степен автоматски менувач. Двата испраќаат моќност на задните тркала кај основните модели, а кај оние во повисокиот опсег понуден е и избор со погон на сите четири тркала. Вторите, исто така имаат LED дневни светла, автоматска контрола на климата, кожен тапацир, рикверц камера и системи за помош на возачот, како предупредување при промена на сообраќајна лента, контрола при ридно спуштање и следење на слепиот агол.

Лансирањето на Extender во Тајланд има смисла затоа што пикап-камионите учествуваат со половина од годишната продажба на новите возила во земјата. Покрај тоа, таа е најголемата земја за производство и извоз на автомобили, каде изградени се многу од конкурентите на Extender, како Ford Ranger, Mitsubishi Triton/L200, Nissan NP300 Navara и Toyota Hilux.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close