fbpx

Ми-Да Гранд Моторс со бесплатни услуги за сите здравствени лица

Автомобилската индустрија се вклучува активно во борбата против коронавирусот, па така и Ми-Да Гранд Моторс се вклучува со поддршка за здравствените работници


Ми-Да Гранд Моторс како овластен импортер и дилер на Ford и Hyundai возилата во нашата држава, најавува помош за здравствените работници. Имено, во своето соопштение, од оваа компанија нудат бесплатна услуга на сите здравствени работници во нашата држава.

Компанијата како дел од политиката за општествена одговорност овозможува бесплатна услуга (работна рака) при редовен сервис на возила од брендовите Ford и Hyundai за сите доктори/ки и медицински лица.

Ги повикуваме сите кои работат во здравствениот сектор да не контактираат за да го закажат својот термин при што нашите специјалисти ќе обезбедат повеќе информаци, стои во соопштението на компанијата.

Она што стана пракса во светот, пристигнува и кај нас. Автомобилските производители ширум светот се вклучуваат во борбата против коронавирусот на најразлични начини, дел произведуваат респиратори и вентилатори, дел се насочуваат кон производство и донации на заштитна опрема за здравствените лица. Така и Ми-Да Гранд Моторс се вклучува на свој начин во оваа битка, обидувајќи се на оние кои се во првите борбени редови против Covid-19 да им даде поддршка.

Сите заинтересирани ќе можат да добијат повеќе информации на тел. број 02/3073-103 или на официјалните сајтови за сервисите на Ford и Hyndai во нашата земја.

 

 

 

Поврзани вести

Back to top button