fbpx

Mini Cooper SE доби уникатна презентација во Лисабон

Британскиот производител Mini на специјален настан организиран во главниот град на Португалија го претстави својот електричен модел - Mini Cooper SE

Автомобилот ја доживеа својата презентација на навистина уникатен начин, со оглед на тоа дека во Mini се потрудија со светла да ги обележат сите локации во престолнината на Португалија каде е возможно да се наполни електричното возило на јавните полначи. Секако, целта на ваквата промоција беше да се укаже на фатктот дека во градот има и повеќе од доволно јавни полначи, како и дека потенцијалните сопственици на Mini Cooper SE не морат да се грижат за овој прилично голем проблем во поголемиот дел од европските метрополи.

Лисабон неодамна ја доби наградата за „Зелена престолнина на Европа за 2020 година“. Ова признание му беше доделено од Европската комисија која го награди главниот град на Португалија за низа еколошки иницијативи кои се презедоа, а се со цел за подобрување на квалитетот на животот.

Во рамките на оваа иницијатива е и низата јавни полначи, кои се еден од предусловите за популаризација на електричните возила. Така, денеска Лисабон ја има една од најразвиените мрежи на јавни полначи во Европа, бидејќи на возачите им се на располагање повеќе од 500 станици.

Еден од главните адути на електричниот модел на Mini е фактот дека на брз полнач на батерии може да се наполни за нешто повеќе од половина час. Овој автомобил го дели својот погонски склоп со BMW i3. Mini Cooper SE се напојува со електричен мотор со капацитет од 135 kW, односно 184 КС. Забрзувањето од 0 до 60 километри на час изнесува 3,9 секунди, а спринтот до „стотка“ го достигнува за 7,3 секунди.

Во Mini имаат високи очекувања од овој модел, бидејќи освен тоа што со него влегуваат на нови пазари, добрата продажба би им обезбедила и безбедност во врска со потенцијалните казни во ЕУ поради флотните емисии на штетни гасови.

Поврзани вести

Back to top button