fbpx

Mini Vision Urbanaut стана реален концепт

Британскиот производител Mini по втор пат го претставува својот концептен модел Vision Urbanaut кој сега станува реален концепт

Концептот Mini Vision Urbanaut оригинално беше претставен минатиот ноември како дигитална креација, а сега истиот се трансформира во физчко возило, кое ќе го доживее своето деби на DLD Summer на 1 јули. Покрај ова, физичкиот концепт реално ги отсликува претходните рендери, а Vision Urbanaut е футуристичко комбе кое има една лизгачка врата и експанзивен стаклен покрив. Дизајнерите исто така му дадоа на моделот светлечки тркала, минималистичка предница и предно стакло кое може да се подигне кога возилото е паркирано.

Mini Vision Urbanaut

И додека дизајнот на екстериерот со сигурност е интересен, фокусот во овој концепт е ставен на ентериерот и „паметното користење на просторот“. Кабината се одликува со возачко седиште кое наликува на фотелја од дневна соба, а концептот исто така добива и минималистичко совозачко седиште и контролна табла која се спушта и се претвора во кревет.

Необичноста на Mini Vision Urbanaut концептот не завршува тука, бидејќи добива и задно седиште налик на кауч, подметнувач и мала масичка. Во внатрешноста не е користена кожа, ниту хром, а ова е назнака за работите кои ќе се случуваат во иднина, бидејќи Mini ќе го користи овој пристап во следната генерација на своите возила. Наместо тоа, ентериерот се одликува со обновливи и рециклирачки материјали како што се текстил од рециклирана волна, полиестер и Tencel.

Како и претходно, концептот добива и таканаречени „Mini моменти“ – познати како Chill, Wanderlust и Vibe – а сите имаат свој сопствен мирис, звук и амбиентално осветлување. Chill е за опуштање или работа, додека Vibe го трансформира концептот во мини клуб со аниминирани графички прикази кои се покажуваат во внатрешноста и надворешноста на возилото. Wanderlust е единствениот режим за возење.

Од Mini не откриja голем број на други детали околу коцентптот.

Поврзани вести

Back to top button