fbpx

Mission E основа за повеќе модели

Развојот на стратегијата на Porsche за лансирање на електрични модели ќе се базира сериозно врз нивниот прв концепт Mission E

Компанијата размислува сериозно за надградба на различни модели, во кои во основа ќе биде електричниот седан. Врз Mission E свој модел развива и Bentley.

Mission E
-Веќе размислуваме за различни „деривати“ врз Mission E, објасни Албрехт Рајмолд, член на бордот на директори на Porsche и одговорен за производството и логистиката.
– Исто така планираме повеќе електрични возила и истражуваме за нивниот потенцијал во различни сегменти на пазарот. Во моментов работиме заедно со Audi на создавање на заедничка архитектура на електрични возила што ќе се користи на подолг рок.

Mission E ќе биде модел со кој Porsche планира сериозно да влезе на пазарот на електрични автомобили. Компанијата најавува дека седанот ќе може да помине 500 km на едно полнење и да забрзува од 0 до 100 km/h за 3,5 секунди. Се претпоставува дека на пазарот во САД цената на моделот ќе започне од 85.000 долари. Се претпоставува дека вториот електричен модел на Porsche ќе биде компактен кросовер базиран на популарниот Macan.

Mission E

Поврзани вести

Back to top button