Mitsubishi го освежи Eclipse Cross

Mitsubishi го претстави освежениот Eclipse Cross кој ќе пристигне во Јапонија, Австралија и Нов Зеланд пред крајот на годината

Популарниот SUV на Mitsubishi ја задржува формата како претходниот модел, но инкорпорира неколку клучни нови дизајнерски детали. На пример, предниот дел ја вклучува најновата верзија на препознатливиот Dynamic Shield концепт на компанијата и вклучува нов преден браник и освежен светлосен потпис.

Промените на екстериерот кај Mitsubishi Eclipse Cross продолжуваат на задниот дел каде се наоѓа редизајнираната врата и заден прозор кои ја унапредуваат прегледноста кај овој SUV. Карактеристичните тридимензионални задни светла исто така се унапредени.

Освежувањата продолжуваат и во кабината и вклучуваат нов 8-инчен smartphone-link инфозабавен систем. Во споредба со досегашниот модел, освежениот го доближува екранот поблиску до возачот и совозачот за полесно користење. Екранот е чувствителен на допир, што значи дека Mitsubishi успеа да го отстрани претходниот „тачпед“ на централната конзола.

Голем број клучни технички спецификации допрва треба да бидат најавени, но производителот потврди дека Eclipse Cross ќе добие и plug-in хибридна верзија со истиот погонски склоп како кај Outlander PHEV. Овој систем комбинира два електромотори со 2,4-литарски MIVEC мотор. PHEV варијантата исто така автоматски ќе селектира меѓу EV, Series Hybrid и Parallel Hybrid возачки режими за да се адаптира на различни околности. Освежениот Mitsubishi Eclipse Cross ќе продолжи да се нуди со 1,5-литарски MIVEC четирицилиндричен мотор кој се карактеризира со нов турбо полнач. Во понудата ќе се најде и 2,0-литарскиот бензинец со 2,2-литарскиот дизел мотор. Изборот на менувачи се сведува на шестстепен мануелец, осумстепен автоматик и на крајот CVT со погон на предните или сите четири тркала.

Повеќе спецификации, вклучително и цените за останатите пазари каде што ќе биде пласиран моделот, ќе бидат објавени следниот месец.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close