Mitsubishi го оживува Ralliart брендот и се враќа во мотоспортот

Јапонскиот производител Mitsubishi тивко и ненадејно најави дека ќе го оживее својот Ralliart бренд и дека ќе се врати повторно во мотоспортот

Mitsubishi го пензионираше својот Ralliart бренд кон почетокот на 2010 година, но за време на последната средба на акционерите, потврдено е дека брендот ќе направи кампек. Покрај краткото соопштение, јапонската компанија објави и една фотографија од Mitsubishi L200 опремен со Ralliart делови и додатоци. Според претпоставките, ова ќе биде првиот модел кој Mitsubishi ќе го лансира под „воскреснатиот“ Ralliart бренд.

За време на средбата, Mitsubishi додаде дека ќе претстави и цела низа на Ralliart делови и додатоци, иако засега не открива премногу детали околу сето ова. Веројатно многу поважна информација е самата потврда од извршниот директор на јапонскиот производител, Такао Като, дека компанијата ќе се врати во светот на мотоспортот.

„За купувачите кои сакаат да го искусат целиосниот дух на Mitsubishi, ние ќе лансираме специјално направени додатоци за нашата постава на модели, а исто така ќе се вратиме на мотоспорт настаните ширум светот“, истакна Като.

Останува нејасно со кој модел или модели Mitsubishi планира да се врати во светот на мотоспортот, иако нагласена е посветеноста кон plug-in хибридните погони, продолжувајќи ја претходната традиција со оглед на тоа дека plug-in хибридниот Outlander забележа големи успеси на ова поле.

Ralliart првично беше создаден во Европа уште во 1983 година и се натпреваруваше во World Rally Championship, успевајќи да победи на повеќе трки и да освои неколку шампионски титули. По ова, брендот успеа да создаде неколку високоперформансни патнички автомобили од Mitsubishi.

Поврзани вести

Back to top button