Mitsubishi Motors се подготвува за претстојниот Tokyo Motor Show

Tokyo Motor Show што ќе се одржи во јапонската престолнина од 10-12 јануари 2020 година, ќе биде место каде Mitsubishi Motors ќе претстави повеќе модифицирани возила

Mitsubishi eK Cross Wild Beast, Eclipse Cross Weekend Explorer и Delica D:5 All Blacks се возилата со кои Mitsubishi Motors ќе настапи на Tokyo Motor Show. Mitsubishi eK Cross Wild Beast е возило кое предизвикува со outdoor имиџ. Жолтата боја на возилото комбинирано со црни контрасни детали, алуминиумски тркала и многу други додатоци го прави доста интересен. Доста интересни се и Eclipse Cross Weekend Explorer, наменет за „активни луѓе“ и „ викенд истражувачи“ и Mitsubishi Delica D:5 All Blacks…

Главната карактеристика на концептот Eclipse Cross Weekend Explorer е пневматскиот комплет, благодарение на кој ќе можете да го подигнете или спуштите автомобилот користејќи далечински управувач или апликација за паметни телефони. Покрај тоа, решетката на покривот доби специјален дизајн, а неговата маска за ладилникот, браниците и стаклестите рабови се направени во црна боја.

Mitsubishi во Токио ќе го претстави и Outlander NERV, кој пристигнува со необична опрема. Имено, NERV ќе има можност да ги предупредува возачите за итни ситуации, како што се земјотреси и цунами, кои се мошне чести во Јапонија. За оваа цел, поставена е сателитска чинија на покривот на автомобилот. Интересно е што Outlander NERV воопшто не е шоу-автомобил, Mitsubishi веќе објави неколку вакви автомобили, кои се способни да пренесуваат информации на мобилната апликација која е достапна во Јапонија и предупредува за вонредни ситуации.

Од друга страна, Delica 5: All Blacks е дизајниран како поддршка за рагби репрезентацијата на Нов Зеланд која го носи истиот прекар, а причината за овој потег е фактот што минатата есен Светското првенство во рагби се одржа токму во Јапонија. Поради тоа, логото и написот All Blacks се наоѓа на повеќе места на автомобилот и неговите детали.

Со исклучок на Outlander NERV и Delica D: 5 All Blacks, сериските изгледи на преостанатите нови производи на Mitsubishi се уште не се познати.

 

 

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close