Московските таксисти ќе учат англиски?!

Во декември минатата година градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, објави дека таксисти во руската престолнина треба брзо да научат некои основни фрази на англиски, за да можат да ги услужат подобро туристите на претстојното светско првенство во фудбал, во текот на летото

Градските власти потврдија дека се подготвуваат специјални дозволи за работа во деновите на мундијалот, кои ќе ги добијат околу 5.000 таксисти. За да ја добие дозволата секој од нив треба да има барем основни познавања од англиски, а како објасни Собјанин да знаат барем едноставни фрази со кои ќе може да комуницираат со фудбалски навивачи од целиот свет. Затоа итно започнуваат курсеви на таксисти, а во просек секој од нив ќе треба да се посвети околу 8 часа на англискиот, за да биде подготвен за Светското.

таксисти

Од канцеларијата на Собјанин најавија дека општината е подготвена да ги финансира предметните курсеви, кои се очекува да чинат 30 милиони рубљи или малку над 420.000 евра. Инаку, веќе тече акредитацијата на предметните 5.000 таксисти, а кандидатите освен јазик, не треба да имаат неплатени казни, автомобилите треба да им се означени според државните барања и во кабината да има ознака со информации за возачот и тарифите за превоз.

таксисти

Московски таксисти

 

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close