fbpx

Мотоцентар со акциска понуда за Michelin пневматици

Со оглед на тоа дека наскоро зимските пневматици ќе станат задолжителни, Мотоцентар излегува во пресрет на сите со Michelin Alpin 5 пневматиците

Се наближува 15 ноември, а со тоа и законската обврска за користење на зимски гуми, па време е да ги опремите вашите возила соодветно. За таа цел, Мотоцентар излегува со акциска понуда за пневматиците на Michelin. Конкретно, станува збор за зимски и М+Ѕ гуми. Како што истакнуваат од Мотоцентар, во понудата се наоѓаат и најдобрите пневматици според ADAC тестовите, а тоа се Michelin Alpin 5.

Имено, Мотоцентар започна акција според која во периодот од 1 ноември до 1 декември за четири купени зимски или ‘all season’ пневматици од брендот Michelin ќе добиете и ваучер за гориво, и тоа за пневматици со големина од 14 до 17 инчи и поголеми.

Во зимскиот период, зимските пневматици нудат витален зафат на снег, мраз или влажни коловози. При тестирањата на ADAC само едни пневматици, од вкупно 13, покажале мошне балансирани и добри перформанси. Станува збор за пневматиците Michelin Pilot Alpin 5, кои успеаја да постигнат добри оценки во сите главни критериуми. На влажни услови, гумите се мошне убедливи при управувањето, при снежни услови овие пневматици покажале убедливо најдобри перформанси во однос на сите конкуренти, додека на лед Michelin Pilot Alpine 5 се снаѓаат одлично. Треба да се напомене дека при тестирањата се користени SUV, компактни возила, комбиња и транспортери, а пневматиците на Michelin се покажаа во секоја од категориите.

Уште еднаш да напоменеме, Michelin Pilot Alpine 5 пневматиците можете да ги најдете во Мотоцентар, каде што до 1 декември има акциска понуда. За повеќе информации, посетете го нивниот официјален сајт.

Поврзани вести

Back to top button