fbpx

Маркез ja продолжи успешната серија во Тексас

Возачорт на Honda, актуелниот шампион Марк Маркез, стигна до шеста победа во низа за ГН на Америка на патеката во Остин во „кралската класа“

По оваа рунда на чело на колоната, по три извозени трки сезонава, е Андреа Довициозо на Ducati.

Палавиот Шпанец не престанува да ја шокира мотоциклистичката јавност од трка во трка во шампионатот во MotoGP, во најсилната конкуренција. И покрај тоа што Марк Маркез доби казна од три места поради тоа што го блокираше Маверик Вињалес во квалификациите успеа да стигне до шестата победа во низа во кариерата на оваа патека.

Актуелниот шампион уште до крајот на првиот круг ја поведе трката и никој не успеа посериозно да го загрози, освен нападот на Ианоне во свикот 11 во вториот круг кога популарниот „Манијак“ се обиде на сопирање да го изненади Шпанецот. Во продолжението Марк Маркез само ја зголемуваше предноста за на крајот да се радува сепак првата победа оваа сезона. Второто место му припадна на Маверик Вињалес, а на последното место на пиедесталот се искачи Андреа Ианоне. Зад се подредија Валентино Роси, Андреа Довициозо, Јоан Зарко и Дани Педроса. Се чини вториот возач на Honda, е херојот на денот, откако собра сили да се трка и покрај тоа што пред десетина дена имаше операција на зглобот, по тешкиот пад во Аргентина.

Триумфот во Остин не беше дволен за Марк Маркез да се искачи на врвот во генералниот пласман, па така Андреа Довициозо како лидер ќе пристигне во Европа, кога за две недели ќе се вози четвртата рунда од оваа сезона во „кралската класа“, на патеката во Херез во Шпанија. Иако разликата е само еден бод, Дови може да биде среќен бидејки по триумфот во Катар во воведната трка од сезоната, во Аргентина и САД доживеа вистински кошмар.

Маркез

 

Поврзани вести

Back to top button