fbpx

Откажана MotoGP трката во Катар поради коронавирусот

Организаторите на MotoGP шампионатот донесоа одлука да се одложи Големата награда на Катар во кралската класа, но во останатите две класи ќе се одржи според планот

Причината за одлука да се одложи трката во кралската класа од MotoGP шампионатот се засилените мерки на безбедност при пристигнувањето на патниците во Доха, но и фактот дека возачите од Moto2 и Moto3 категориите веќе се присутни во престолнината на Катар. Комплетната акција на патеката „Лусаил“ ќе се одржи овој петок.

Поради појавата на епидемија на коронавирус во Италија, сите кои од оваа земја патуваат во Доха, но и Малезија, Тајланд и Јапонија, ќе мора да бидат прегледани по доаѓањето во Катар. Доколку се забележи дека некој има зголемена телесна температура ќе биде упатен во карантин, што е мерка на која подлежат сите оние кои пристигнуваат од Јужна Кореа, Кина и Иран. Од 1 март сите патници кои пристигнуваат во Доха со директен лет од Италија, или кои биле во Италија во изминатите две недели, ќе бидат однесени директно во карантин минимум 14 дена. Со оглед на тоа дека Италија игра клучна улога во шампионатот, бидејќи вкупно шестмина возачи во кралската класа во MotoGP се од Италија, а покрај нив извесно е дека уште некој ќе пристигне од таа земја, како и голем број претставници на тимовите, мора да се откаже натпреварувањето во кралската класа.

Возачите од Moto2 и Moto3, како што напоменавме, веќе се во Катар за тридневните официјални тестови на патеката Losail кои ќе се одржат неделава, поради што најверојатно ќе се одржат трките во овие категории. Трките во двете класи ќе се одржат викендов од 6 до 8 март. Истото се однесува и до Idemitsu Asia Talent Cup, кој ќе има две трки за време на Големата награда на Катар, како што беше и планирано.

Поврзани вести

Back to top button