Саемот во Женева ќе биде збогатен со патека за тестирање во затворен простор

Годинешното издание на Саемот за автомобили во Женева ќе има неколку отсутни брендови, но организаторите ќе се потрудат да го направат уникатно благодарение на внатрешната патека за тестирање

Патеката ќе биде лоцирана во Хала 7 во Palexpo Convention Center каде што се одржува Саемот за автомобили во Женева. Во централниот дел од кружната патека ќе има и VIP Lounge простор кој покрај сите пропратни активности ќе служи и како место за избегнување на метежот од главните хали на Саемот.

Најмалку 48 возила од 15 автомобилски производители ќе бидат прикажани на патеката. Меѓу оние производители кои ќе се претстават се Aiways, Audi, BMW, DS Automobiles, Honda, Hyundai, Kia, Mercedes-Benz, Porsche, Renault, Smart, Toyota и Volkswagen. Присутните ќе можат да уживаат во три круга зад воланот на нивниот избран автомобил, додека ги придружува експерт во совозачкото седиште.

За време на ревијата се очекуваат да се одржат околу 11.000 „Discovery Drives“. Со оглед на тоа дека се очекуваат околу 600.000 посетители на Саемот, резервациите за возење ќе се вршат преку случаен избор со помош на апликацијата на Geneva International Motor Show.

Екипата на Авто Плус ќе биде присутна на Саемот за автомбоили во Женева, од каде ќе се обидеме да ви ги пренесеме сите новости и ќе имате шанса да ги погледнете сите нови возбудливи автомобили кои ќе се појават премиерно на настанот.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close