fbpx

Најекстремното Porsche разви 356 km/h на автопат

Најекстремниот Porsche-GT2 RS успеа да развие 356 km/h на германски автопат, кој нема ограничување на максималната брзина

Видеото за забрзувањето на автомобилот од местото е објавено од германското издание Sport Auto.

На видеото е прикажана, според GPS системот, помала брзина – 342 km/h. Ова е многу близу до декларираната максимална брзина од производителот – 340 km/h. Но, резултатите од мерењата покажуваат дека возилото успеа да развие 356 km / h. Се наведува дека целата „вежба” со Porsche-GT2 RS траела точно 58 секунди.

Возилото со погон на задните тркала е опремено со 3.8-литарски 6-цилиндерски турбо мотор со 700 КС. Работи во комбинација со 7-брзински роботски менувач со две спојки, има тркачка суспензија и извртување за одреден степен кај задните тркала. Забрзувањето од 0 до 100 km/h во овој автомобил трае 2,8 секунди.

Во септември оваа година, Porsche 911 GT2 RS постави рекорд на Северниот лак на Нирбургринг, минувајќи еден круг за 6 минути и 47,3 секунди. На најдолгата линија на патeката автомобилот разви 336 km/h.

Porsche-GT2 RS
1 | Porsche-GT2 RS
2 | Porsche-GT2 RS
3 | Porsche-GT2 RS

    Поврзани вести

    Back to top button