ИНТЕРЕСНОНАСЛОВНА

Најпродавани нови автомобили во 2017 година

Со повеќе од милион реализирани единици во десетте месеци од годинава, Toyota Corolla е најбараниот нов модел

На втората позиција е Ford F- серијата, а на третата, легендата Volkswagen Golf.

Во првите десет месеци од годината, Toyota Corolla е продадена во 1.014.920 единици, што претставува намалување од 5,8% во споредба со истиот период минатата година. Според податоците на Focus2Move, Ford F- Series може да се пофали со раст од 10,2%, или 886.584 продажби, а кај Golf се регистрира пад од 4,1%, односно 795 680 единици.

Corolla

Во Топ 10 најдобро продавани нови автомобили од почетокот на годината се: Honda Civic (пораст + 24,3%, 687.963 единици), Toyota RAV4 (+ 13,7%, 676.058), Honda CR-V (-2,2%, 609.149), VW Tiguan (+ 41.1%, 579.632), Ford Focus (-9,2%, 556.623), VW Polo (-6.5%, 551.698) и Toyota Camry (-1,8%, 538.974).
Меѓу 100- те најбарани модели на глобално ниво, со најголем раст во продажбата во првите десет месеци од годината, може да се пофалат: Buick Excelle (+ 245.7%, 342.366), Geely Boyue (+218.7 %, 224.074), Mercedes GLC (+ 100.6%, 247.545), Jeep Compass (+ 93.9%, 229.526), Hyundai Creta (+ 75.6%, 191.776)…

Клучни зборови

Поврзани вести

Може и ова да ви се допадне

Close
Close