fbpx

Започна производството на возилата за кабинетот на Путин

Централниот истражувачки институт на Русија (НАМИ) започна со производство на автомобилите од проектот „Кортеж“

Информациите се објавени од страна на Rossiyskaja Gazeta, која го цитира министерот за индустрија и трговија, Денис Мантуров.

Според зборовите на Мантуров, принципите и технологиите кои се имплементираат во новите автомобили за проектот „Кортеж“, ќе ја одредат иднината на руската автомобилска индустрија и нејзиното позиционирање на светската сцена. Се очекува дека автомобилите ќе бидат достапни и за продажба, со одредена модификација и за сите на крајот на следната година.

„Кортеж“

„Кортеж“

Првично, плановите се за 150-200 возила, а циркулацијата потоа треба да се зголеми на 5.000 годишно. Но, сега ќе бидат изградени само 14 автомобили. Тие мора да бидат подготвени до крајот на годината, а нивното јавно деби ќе се одржи во 2018 година, за време на инаугурацијата на претседателот на државата.

Автомобилите од проектот ќе бидат достапни со широк спектар на мотори – од четири цилиндерски со турбополначи до огромен V12. Топ-агрегатот, со кој ќе биде опремена лимузината на Путин, ќе има капацитет од 850 коњски сили. Овој мотор, исто така, ќе биде достапен за SUV изданијата за членовите на кабинетот на Путин.

Поврзани вести

Back to top button