„Највселенски“ концепт во историјата

Кога автомобилските компании сакаат да го привлечат вниманието на публиката и да укажат на иднината, тие градат несекојдневни концептни модели со признак „вселенски“

Кога автомобилските компании сакаат да го привлечат вниманието на публиката и да укажат на иднината, тие градат несекојдневни концепт модели со признак „вселенски“. А, кога NASA ќе одлучи да примени истата техника, резултатот е без сомнение највселенски прототип во историјата.

Овој концепт беше претставен во вселенскиот центар Кенеди како дел од промоцијата од агенцијата Summer of Mars. Всушност тој не е комплетен развој на NASA, туку е создаден е од тјунинг компанијата Parker Brothers од Флорида со поддршка на инженери од воздухопловната агенција. Познавачите откриваат во него доста сличности со Батмобилот од трилогијата на Кристофер Нолан.

Од NASA објаснуваат дека концептот ќе се движи од 700-волтни батерии, а погонот ќе може да се напојува и преку соларни панели. Тој може да се подели на два дела, предниот би се користел за истражувачки мисии, а задниот би бил стационирана лабораторија.

Машината нема ништо заедничко со вистинскиот „марсомобил“ кој NASA планира да го испрати на Марс во 2020 кој изгледа далеку поздодевни.

Целта на концептот е најмногу да привлече внимание кон плановите на агенцијата за идните истражувања на Црвената планета.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close