Нема шанси Renault да ги преземе Nissan и Mitsubishi?!

Преземањето на Nissan Motor и Mitsubishi Motors од францускиот производител Renault никогаш не било опција, бидејќи трите производители сакаат да го зајакнат своето партнерство, истовремено зачувувајќи ја нивната автономија

Ова го најави претседателот на француско-јапонската алијанса, Карлос Гон, на состанокот со акционерите.

Renault-Секој што сака Nissan и Mitsubishi да станат сопственост на подружниците на Renault, ќе остане разочаран, бидејќи да се оствари тоа шансите се нула,беше категодичен Гон, кој исто така е извршен директор на француската компанија.

Во 2017 година, Renault-Nissan-Mitsubishi Alliance стана најголемиот производител на патнички автомобили во светот, а во моментов е основна цел што повеќе да се зацврстат овие позиции. Уште во март, сепак, имаше резимеа дека трите компании бараат подлабоко ангажирање. Идејата е да се намали влијанието на француската влада, која е главен акционер во Renault, истовремено намалувајќи го своето влијание врз Nissan.

Во моментов Renault поседува 43,4% од акциите на Nissan, кои за возврат поседуваат 15% од француската марка, но немаат право на глас.

Партнерството помеѓу двата производители започна во 1999 година, а Mitsubishi Motors се приклучи на алијансата во 2016 година, со 34 отсто од нејзините акции во сопственост на Nissan.

-Целта на Алијансата е да продаде повеќе автомобили и да ја зголеми својата профитабилност со намалување на непотребното удвојување на различни постапки. Мораме да работиме заедно продолжувајќи да се потпираме на сегашниот систем, кој функционира мошне добро. Не е важно кој ќе го води овој Сојуз, важно е да се докаже дека овој пристап ќе биде одржлив по 5, 10 или 15 години, додаде тој.

Шефот на француско-јапонската алијанса додаде дека се подготвува нов план за развој на групата. Тоа ќе биде објавено пред 2022 година, кога мандатот на Гон ќе истече како прв човек на Алијансата.

Поврзани вести

Back to top button