fbpx

NIO ја започнува својата експанзија во Европа

Кинескиот производител на електрични автомобили NIO се наближува кон целосна експанзија во Европа, а прв пазар кој ќе го освојува е Норвешка

Популарноста на електричните модели на Стариот континент го отвора патот за кинеските производители кои веќе имаат сериозно искуство и етаблирано производство за влез на европскиот пазар. Последен во низата е кинескиот ЕВ производител NIO кој ќе ја започне својата европска експанзија преку Норвешка, земјата каде што електричните автомобили се најпопуларни.

NIO

Кинеската компанија го потврди сето ова преку својот официјален Twitter профил, откривајќи дека наскоро ќе одржи прес-конференција во главниот град на Норвешка, Осло, со цел да ги открие плановите околу присуството на локалниот, но и европскиот пазар.


NIO веќе има свое одредено присуство во Европа со глобалниот дизајнерски центар лоциран во Минхен, како и напредниот инжненерски центар за истражување и развој во Оксфорд, Англија. Иако најавува експанзија во Европа веќе неколку години, ЕВ старт-ап компанијата Xpeng веќе започна да ги продава своите возила на Стариот континент кон крајот на минатата година.

Според информациите, првиот продажен салон на NIO ќе биде лоциран во Осло, а исто така поранешниот шеф на JLR во Норвешка, Мариус Хајлер, ќе биде нов директор на NIO Norway.

Кон почетокот на април, NIO успеа да достигне значителен јубилеј, испорачувајќи го своето 100.000-то возило, точно 1.046 дена откако започна производството на знаменосецот ES8 електричниот SUV.

ES8 се одликува со 643 КС моќност и 840 Nm вртежен момент, а може да биде опремен со батерија со капацитет од 100 kWh, што овозможува опсег на движење од 580 километри според NEDC циклусот. Кинезите засега не потврдуваат кои модели ќе ги понудат во Норвешка, односно Европа.

NIO

Поврзани вести

Back to top button