fbpx

Nissan Datsun 240Z стар 49 години продаден за рекордни 310.000 долари

И по речиси половина век овој примерок е најсличен на оригиналниот модел, произведен во 1971 година, а на него е извршена само една модификација

Nissan Datsun 240Z, познат и како Nissan S30, продаден е минатата недела на аукција на страницата Bring a Trailer за неверојатни 310.000 долари. Ова е најголемата цена која ја достигнало некое возило на оваа страница, со што е надминат рекордот од 124.240 долари, поставен во 2019 година.

Ова зелено купе купено е кога бил нов модел за 3.757 долари и остана во семејството на првиот сопственик се до минатата година. Овој Nissan Datsun се уште го поседува оригиналниот мотор со шест цилиндри и менувач со четири брзини, а внатрешноста е направена од кожа во светло кафена боја. Единствената голема модификација е инсталацијата за електронско палење, кој го вградил трговецот со автомобили откако го купил од семејството, за потоа да го понуди на аукција.

Иако досега има минато 35.000 километри, сопственикот за него внимателно се грижел, па осигурителната куќа Hagerty го прогласила за „наоригиналниот Datsun 240Z кој постои“. Сепак, досега продаваните модели достигнувале цена од 60.000 долари, а новиот рекорд сведочи за тоа дека неговата популарност пораснала во последно време.

Поврзани вести

Back to top button