fbpx

Nissan демантираше дека ќе се разделува со Renault

По најавите дека Nissan се подготвува за разделба со својот партнер Renault, јапонскиот производител денеска ги отфрли како неточни написите во медиумите

„Nissan на ниту еден начин не размислува за напуштање на овој сојуз“, наведуваат од јапонската компанија за производство на автомобили, порачувајќи дека тројната алијанса Nissan-Renault-Mitsubishi е „извор на неговата конкурентност“, пренесе CNN.

Соопштението следуваше како одговор на бројните медиумски извештаи објавени во последните денови дека Nissan е загрижен поради затегнатите односи со Renault по апсењето на поранешниот шеф Карлос Гон и разгледува „кризни планови“ за потенцијална разделба со францускиот производител на автомобили.

Гон во моментов се наоѓа во Либан откако минатиот месец изведе спектакуларно бегство од Јапонија. ТОј беше уапсен во Токио кон крајот на 2018. година и против него е покренато обвинение во кое се товари за долгогодишна злоупотреба на довербата и фалсификување на финансиските документи поради прикривање на вистинскиот износ на неговата плата и бонусите.

Гон во повеќе наврати ги негираше тие обвиненија, тврдејќи дека неговото апсење е „нарачано“ од раководителите на Nissan кои се противеле на неговите планови за подлабоко интегрирање на јапонската компанија со Renault. Овој скандал прилично го потресе сојузот на двете компании.

Поврзани вести

Back to top button