fbpx

Nissan ги откри комплетните детали за Qashqai E-Power

Nissan Qashqai е првиот модел во Европа на јапонскиот производител кој ја добива E-Power технологијата

По светската премиера минатата година, новиот Nissan Qashqai беше лансиран на европскиот пазар без дизелски мотори, туку со турбо бензинец со две опции за моќност. Накратко беше споменат и новиот вид на хибриден погон, за сега јапонската марка да ги сподели комплетните детали за Qashqai E-Power во пресрет на неговото лансирање на европскиот пазар кон крајот на престојното лето.

Nissan Qashqai E-Power

Qashqai E-Power е првиот Nissan модел кој го добива новиот електрифициран погон во Европа. Станува збор за хибрид кој не наликува на ништо што досега сме виделе. Тој се одликува со 1,5-литарски бензински мотор кој всушност служи како генератор и испорачува енергија која се складира во батеријата. Самиот мотор на внатрешно согорување има моќност од 158 КС, но таа моќност во ниту еден случај не стигнува до тркалата. Наместо тоа, електричната енергија која се добива од бензинскиот мотор го напојува електромоторот кој има моќност од 190 КС. Електричната енергија која се генерира од конвенционалниот мотор може да се пренесува преку инвертер во батеријата, електромоторот, или и до батеријата и до електромоторот, објаснува Nissan. Хибридниот систем е самополнечки, но нуди ЕВ искуство со оглед на тоа дека електромоторот ги придвижува тркалата.

Оваа поставка значи дека возачот има пристап до инстантниот максимален вртежен момент на електромоторот, додека бензинскиот мотор со способност за варијабилна компресија работи во ефикасен и тивок режим генерирајќи енергија за инвертерот и батеријата. Батеријата исто така се полни преку регенеративно сопирање, особено во e-Pedal возачкиот режим кој се активира преку копче на централната конзола.

Linear Tune

Целта на Nissan е да понуди „конектирано“ возачко искуство со оставање на моторот на внатрешно согорување во однос на патната брзина на SUV моделот. Затоа, Nissan разви специјален систем наречен Linear Tune кој треба да го направи целото возачко искуство кај Qashqai E-Power потрадиционално и „конектирано“. Оваа карактеристика го следи бензинскиот мотор и прогресивно ја зголемува ротациската брзина со цел да се пресретнат енергетските потреби на електромоторот. Со Linear Tune, производителот ќе се обиде да го елиминира „исклученото“ чувство кое обично се поврзува со останатите хибриди, каде зголемениот број на вртежи на моторот не секогаш соодветствува со зголемена брзина.

Nissan Qashqai E-Power

Во теорија, оваа поставка треба да му овозможи на моторот на внатрешно согорување да работи во своите оптимални вртежи и со најдобар сооднос на компресија, што доведува до зголемена ефикасност и помали CO2 емисии. Од друга страна, чувството кое го добивате зад управувачот треба да биде слично, ако не и исто, како да возите целосно електричен автомобил.

Според истражувањата на Nissa, европските возачи поминуваат повеќе од 70 проценти од своето возење во урбани средини, каде што e-Power погонот работи ефикасно и тивко. Во комбиниран циклус, потрошувачката на гориво е 5,3 литри на 100 километри.

Nissan Qashqai E-Power ќе биде лансиран на европскиот пазар кон крајот на престојното лето, а цените ќе бидат објавени подоцна.

Поврзани вести

Back to top button