fbpx

Nissan и Honda ќе соработуваат за да ја спречат заканата од Кина

Јапонските брендови размислуваат за споделување на батериски и моторни технологии, заедно со софтвер и други компоненти

Поголемиот избор на пазарот на автомобили не е единствената промена што доаѓа од проширувањето на кинеската автомобилска индустрија. Истовремено, се позабележлив е растот на традиционалните производители кои се залагаат за да се борат со заканата која пристигнува од Кина. Поради тоа, во Токио, Honda и Nissan ја сигнализираа својата намера да го сторат токму тоа.

Плановите се во рана фаза, но двата бренда се согласија да започнат физибилити студија разгледувајќи како тие би можеле да работат заедно за да градат делови за електрични возила или ЕВ, како и софтвер поврзан со ЕВ. Претседателот на Honda, Тошихиро Мибe, рече дека компаниите допрва треба да одлучат за деталите за потенцијалната соработка, пренесува Reuters, но извршниот директор на Nissan, Макото Учида, тврди дека тие се отворени за да работат заедно на глобално ниво, а не само во Јапонија.

„Новите играчи се многу агресивни и бележат напредок со неверојатни брзини“, им рече Учида на новинарите, алудирајќи на растечката закана што ја предизвикуваат кинеските производители на автомобили, иако тој исто така ја има предвид и Tesla. „Не можеме да победиме на натпреварот сè додека се придржуваме кон конвенционалната мудрост и традиционален пристап“, додаде тој. Nissan беше ЕВ пионер благодарение на лансирањето на Leaf во 2010 година, но не успеа да го задржи тој интензитет во електричниот простор во последните години.

Како ќе влијае на постоечките соработки?

Врската на Honda-Nissan може да изгледа како чуден сојуз, со оглед дека Nissan веќе има длабока соработка со Renault и во моментов работи на следната генерација Micra која ќе вози на истата ЕВ платформа како Renault 5, па дури и ќе се произведува во истата фабрика во Франција. За дополнително комплицирање на работите, Renault неодамна започна да се дистанцира од Nissan и потпиша договор со кинескиот производител на автомобили Geely. Но, Учида тврди дека секоја заедничка програма со Honda нема да влијае на нејзиниот договор со Renault, што најмногу влијае на европскиот пазар.

И Honda има свои заеднички вложувања. Во Америка, таа ја користи Ultium технологијата на General Motors за изградба и продажба на ЕВ од марката Honda и Acura и има посебен договор со Sony, кој е фокусиран на донесување на три електрични автомобили на пазарот до крајот на деценијата.

Поврзани вести

Back to top button