fbpx

Nissan инвестира над 9 милијарди долари за да биде број 1 во Кина

Nissan планира да инвестира 9,3 милијарди долари во нови модели и електрични автомобили во Кина во текот на следните пет години

Крајната цел на јапонската компанија е да се етаблира како најдобар производител на електрични автомобили на локалниот пазар, кој е најголем во светот. Операцијата ќе биде заедничка со локалниот партнер Dongfeng Group, а до 2022 година производството на автомобили од страна на нивното заедничко вложување ќе се зголеми од еден на 2,6 милиони на годишно ниво.

Дел од планот е, исто така, лансирање на пристапни електрични модели под марката Venecua, кој Nissan го користи овој бренд исклучиво за кинескиот пазар. Исто така, ќе има и напад врз повисоки сегменти, за кои ќе се грижат моделите на луксузниот бренд на Nissan – Infiniti.

инвестира

-Целта ни е да се одмориме од групата прогонители и да влеземе во Топ 3 на автомобилските производители во Кина, како и да го заземеме првото место кај електричните, најави шефот на Nissan за Кина, Џун Секи, за агенцијата Reuters. -Тоа значи целосна офанзива, инвестиции, нови модели, сè што имаме. Ако не го направиме ова сега, ќе не престигнат нашите ривали и нема да можеме да го зголемиме својот удел на пазарот.

Плановите на Групацијата вклучуваат лансирање на 20 електрифицирани модели во Кина, со продажба на овој тип на возила и до 700.000 единици годишно. Во овие 20 модели влегуваат целосно електрични автомобили и хибриди, а Секи прогнозира дека очекува во блиска иднина компанијата да започне да реализира „посериозни добивки” од еколошките возила.

Минатата година заедничкото вложување на двата гиганта реализираше 22.000 кинески електрични автомобили, но повеќето од нив беа лесни возила. Во 2017, странските брендови во Кина продадоа 13,9 милиони автомобили на локалниот пазар, а домашните достигнаа 10,3 милиони продажби.

Поврзани вести

Back to top button