fbpx

Nissan испорача 100.000 електрични LEAF во Европа

Со повеќе од 320.000 реализирани единици на глобално ниво, најпродаваниот електромобил во светот Nissan LEAF, забележа уште еден успех на пазарот, откако компанијата го испорача неговиот претставник со реден број 100.000 на територијата на Европа

„ Скоро две години бев во потрага по електричен автомобил. Знаев дека ќе е Nissan “, коментира Сузана де Мена, сопственик на остварувањето LEAF # 100.000 во Европа. „Кога видов дека има целосно нов LEAF, немав никакво сомневање дека ова е вистинскиот избор. Со мојот сопруг се согласивме дека квалитетот, цената и спецификацијата се најдобри. Ние сме поборници да се почитува и штити животната средина и поради оваа причина знаевме дека ни треба автомобил на електрична енергија. Згора на тоа, електричниот автомобил ни овозможува да доаѓаме до самиот центар на Мадрид, каде често има забрани за стандардните возила, поради проблемите со загадувањето “.

LEAF

Од Nissan потенцираат дека за помалку од осум месеци, по пазарното лансирање на целосно новиот LEAF, нарачка за купување поднеле повеќе од 37.000 лица, што значи дека нов електромобил се нарачува на секои 10 минути.

Новиот LEAF е првиот автомобил на Nissan во Европа, која доаѓа со системи за зголемување на активната безбедност ProPILOT и ProPILOT Park, како и со технологијата e-Pedal која овозможува забрзување / намалување на брзината да се врши само со една педала. Досега, сопствениците на електричниот LEAF во Европа поминаа повеќе од 2.000.000.000 километри, заштедувајќи над 300.000 тони CO2 емисии. Сопствниците (92%) изразуваат и највисоко задоволството од сопственоста на автомобилот- поголемо од она на кој и да било друг модел на брендот.

Поврзани вести

Back to top button