НАСЛОВНАНОВИТЕТИ

Nissan и Italdesign со уникатен GT-R прототип

За да го прослават својот 50-годишен јубилеј, Nissan и Italdesign најавија уникатна верзија на моделот GT-R за моделската 2018

-Колку често имате можност да се запрашате: Што би се случило ако создадеме GT-R без ограничувања?, коментира Алфонсо Албаиса, постар заменик претседател на глобалниот дизајн на Nissan. -Ова е остварливо само во ретки прилики, како што е оваа, одбележувањето на два важни моментов во историјата на два бренда: 50 години на Italdesign во автомобилскиот свет и 50 години на Nissan, кој предизвикува возбуда со својата икона GT-R!

Надворешноста на прототип верзијата на GT-R доаѓа со целосно изменет дизајн, каде доминира златната боја, сосема очигледно е дека неговите творци ја намалиле висината на покривот и тоа со цели 54 mm, монтирани се уникатни 21-инчни тркала и развиен е масивен заден спојлер. Ентериерот е направен од Alcantara, висококвалитетна италијанска кожа и елементи од високојаглероден челик, со два вида завршетоци.

Моторот на уникатниот автомобил е доработен од специјализираната поделба на Nissan- NISMO, 3.8-литарски V6, кој генерира моќност од 720 коњски сили и максимален вртежен момент од 780 Nm. Специјалниот развој на Nissan и Italdesign располага исто така со оптимизирана суспензија и систем за сопирање на BREMBO, а ќе биде демонстрирана за прв пат во Европа следниот месец.

Клучни зборови

Поврзани вести

Close