Новиот Juke го задржува „фанки“ изгледот

И покрај новата платформа, новиот Nissan Juke го задржува својот препознатлив изглед

Втората генерација на Nissan Juke е на пат, а овие шпионски фотографии ни се само доказ дека Nissan веќе започна со тестирање на новиот модел. Очекуван да пристигне нешто подоцна оваа година, субкомпактниот кросовер ќе се базира на CMF-B платформата на Renault и Nissan, но сепак ќе задржи дел од препознатливите стилски линии на својот претходник.

И покрај силната камуфлажа, сличноста со моделот кој го заменува е навистина впечатлива. Дизајнот на предните фарови, како и поставеноста на дневните и светлата за магла само допринесуваат кон сличностите на двата модели. Она што претрпело промена е само предната решетка, која сега добива нов дизајн, инспириран од најновата генерација на моделот Leaf.

Nissan Juke

Највпечатлива разлика може да се забележи во задниот дел на автомобилот, каде задните светла добиле нов изглед и форма. Сепак, со оглед на тоа дека новиот Nissan Juke има речиси исти пропорции со сегашниот модел, по адекватно би било да се нарече дека ова е всушност facelift на постоечкиот, а не целосно нов модел.

Изгледот на внатрешноста ни е се уште непознат, но се очекува кабината да добие значително преуредување, како во дизајнот, така и во поглед на технологијата. Како што веќе напоменавме, архитектирата на новиот Juke е идентична со таа кај новото Renault Clio, а поради можноста за електрификација, изборот е најсоодветен.

Најавена беше и хибридна верзија на овој модел, а покрај нејзе, достапни ќе бидат и 1.0 литарскиот три-цилиндарски и 1.6 литарскиот четири-цилиндарски турбо бензински мотор, како и добро познатата 1.5 литарска турбо дизел единица.

Преминувањето на CMF-B платформата ќе има значителен придонес и во внатрешниот простор, па така новиот Juke ќе има малку поголемо меѓуоскино растојание, кое ќе придонесе кон зголемување на прсторот во кабината.

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close