fbpx

Nissan ќе се откажува од дизел моторите на Qashqai

Nissan ќе се откаже од понудата на дизел мотори во новата генерација на Qashqai и ќе се насочи кон електрификација како дел од својата европска стратегија

Заедно со бензинските мотори, Nissan ќе ја нуди својата трета генерација од Qashqai, која ќе биде претставена во септември идната година, со e-Power варијантата на производителот. Серискиот хибриден погон, кој е популарен во Јапонија, дозволува автомобилот да функционира како електрично возило затоа што неговиот мотор на согорување се користи само за полнење на батеријата.

Qashqai исто така би можел да понуди и plug-in хибридна опција користејќи го системот на партнерот од Renault-Nissan алијансата Mitsubishi. Истиот е веќе широко прифатен како лидер на пазарот во оваа област. За разлика од ривалите, Mitsubishi веќе успеа да го подеси својот Outlander PHEV да емитува 50g/km јаглерод диоксид според строгиот режим на тестирање на WLTP . Се очекува новиот Qashqai да понуди слични бројки.

Од Nissan исто така потврдија дека нема да има целосно електрична верзија на новиот Qashqai. Целосно електричниот погон ќе биде резервиран за посебен SUV модел базиран на целосно нова платформа. Истиот веројатно ќе биде поддржано од целото семејство на електрични автомобили кои ги опфаќаат B, C и D сегментите на Nissan и нивните партнери од алијансата со Renault и Mitsubishi.

Откажувањето на Nissan од дизел моторите доаѓа поради намалувањето на побарувачката на овој вид на погон во Европа на 30 проценти од 45 проценти колку што изнесуваше во 2017. година, покажуваат податоците на индустриската асоцијација ACEA. Уделот на Nissan е исто така сега околу 30 проценти, што е намалување од 47-те проценти кои ги имаше пред две години, според JATO Dynamics.

Претседателот на Nissan во Европа, Џанлука де Фичи, посакува 40 проценти од продажбата на автомобилите на оваа компанија во Европа да бидат електрични модели до 2022. година. Целта е да се осигура избегнување на казните на ЕУ за производителите кои не ги исполнуваат се построгите регулативи за емисија на гасови што стапуваат на сила од следната година.

Nissan ризикува со повлекувањето на дизел моторите

Сепак, постојат ризици со повлекувањето на понудата на дизел мотори во Qashqai. Причината е што овој модел на Nissan се натпреварува во сегмент кој имал најголем број на продажба на дизели во текот на изминатите 10 месеци, и каде моделите на овој погон учествуваат со 44 проценти од севкупната продажба, според податоците на JATO.

Префрлањето на бензинските варијанти ќе биде тешко за купувачите во SUV сегментот, бидејќи тие не се толку ефикасни, а тоа резултира со поголема сметка за гориво.

Кога Nissan ќе се откаже од понудата на дизели, ќе им се приклучи на Toyota и Honda, кои веќе не нудат дизел опции за RAV4 и CR-V. Двата бренда се фокусираат да ги нудат своите компактни SUV возила како бензинско-електрични хибриди.

Поврзани вести

Back to top button