Nissan LEAF Nismo RC дебитираше во Европа

Успешноста со електричните возила и врвното искуство во мото спортот одлично се споија во Nissan LEAF Nismo RC - електричниот тркачки автомобил кој е претставен во Валенсија

Компанијата Nissan за првпат во Европа го претстави својот нов тркачки концепт, втората генерација на Nissan LEAF Nismo RC, на патеката Ricardo Tormo во шпанскиот град Валенсија.

Nissan LEAF Nismo RC_02 е базиран на втората генерација на електричниот модел на Nissan, LEAF, а исто како и е-4ORCE LEAF прототипот, тој претставува тестна платформа за новиот електричен погон на сите четири тркала, односно два мотори.

Nissan LEAF Nismo RC

Од Nissan објаснија дека во случајот со овој специјален автомобил, буквата „Е“ во ознаката „EV“ означува „exciting“ (возбудлив) – „го зголемува забавниот аспект на електричното возење“.

Nissan е меѓу водечките во светот кога станува збор за експертизата во електричните возила и мотоспортот, а сето тоа е обединето во Nissan LEAF Nismo RC. Тоа е возбудлива демонстрација на сила, иновација и технологија на електричните возила. LEAF Nismo RC има погон на сите четири тркала и над двојно повеќе коњски сили и вртежен момент од претходникот кој беше базиран на првата генерација на LEAF и претставен во 2011 година.

LEAF Nismo RC развива 322 КС и 640 Nm вртежен момент, а од нула до „стотка“ забрзува за 3,4 секунди. Тежок е 1.220 килограми.

Nissan LEAF Nismo RC

Автомобил на струја подготвен за тркачките патеки

„Овој автомобил не е само за шоу, туку ќе послужи за тестирање на идните технологии и покажување на безграничниот потенцијал на електричните возила на Nissan. Ќе помогне во истражувањето што се може да се постигне со два електрични мотори и погон на сите четири тркала. Nissan е посветен кон еволуцијата и подобрувањето на своите електрични модели за возачите ширум светот“, порачуваат од компанијата.

Погонот кој може да се пронајде во овој модел го зголемува досегот на движење за отприлика 40 проценти, што обезбедува задоволување на потребите на поширокиот круг купувачи. Опремен со ProPILOT технологијата на Nissan и режимот за возење со единечна педала. Сите електрични погонски агрегати нудат возбудливо искуство на возење кое совршено се надополнува со интелигентниот дизајн на LEAF и напредната поврзаност.

LEAF Nismo RC ја покажува силата и перформансите на електричните возила што се клучни компоненти на интелигентната визија за мобилност на Nissan, а нема сомнежи дека зад воланот на овој модел би уживале сите…

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close