Nissan продава по еден Leaf на секои 12 минути во Европа

Nissan објави дека европските дилери добиле повеќе од 19.000 нарачки за новата генерација на електричниот модел Leaf, од кои 13.000 се направени пред клиентите да го видат автомобилот во живо

Тоа значи, според компанијата, дека во Европа на секои 12 минути се нарачува по еден нов Leaf.

Интересно, бидејќи од Nissan велат дека во моментов произведуваат вкупно пет автомобили на час. Ова не да е добро, туку дефинитивно одличен резултат за пазарот на Стариот континент. Согласно ова, претходните податоци на Nissan за нарачка на 40.000 нови Leaf апликации направени на глобално ниво треба да се надградат на 60.000, бидејќи интересот за втората генерација на електричен автомобил се покажа многу поголем од очекуваното.

секои 12 минути

Во 2017 година прв на европски пазар во конкуренција на електрични автомобили беше Renault Zoe со над 31.300 продажби. Но, најверојатно оваа година, битката за лидерската позиција ќе биде со Leaf, па барем како сега стојат работите, шансите на јапонскиот бренд да биде број еден на Стариот континент, изгледаат повеќе од сериозни.

секои 12 минути

Клучни зборови

Поврзани вести

Back to top button
Close