fbpx

Nissan, исто така, се откажува од дизелите во Европа

Јапонскиот производител Nissan ќе престане со продажба на дизел моторите на европскиот пазар

Одлуката е поврзана со воведувањето на новите нивоа на стандардите за емисија на штетни гасови, како и намалената побарувачка за такви возила, објави Ројтерс.

Прецизните рокови не се споменуваат, но првите мерки во оваа насока се веќе факт. Една од нив е намалување на бројот на работниците во фабриката на компанијата во Сандерленд. Претставник на Nissan наведува дека ова не значи крај на производство на дизел моторите, што секако ќе дојде во блиска иднина, туку одговор на државата кон Европската Унија.

Nissan

Претходно, планови за прекинување на развојот на бензински и дизел мотори, исто така, најави уште еден јапонски производител – Toyota. Компанијата само ќе снабдува модели со такви мотори за корпоративни клиенти, но не и приватно. Минатата година само 25 отсто од продажбата на брендовите во Европа беа на дизел автомобили.

Volvo веќе се откажа од дизелот, а Швеѓаните одат понатаму – ги запираат и стандардните бензински мотори, кои ќе се користат само за хибридните изведби. Сегашната генерација скандинавски мотори со внатрешно согорување ќе биде последна, а ќе се развиваат само хибриди и електрични возила.

Nissan

Поврзани вести

Back to top button