Новиот SUV на Nissan ќе се вика Paladin
Компанијата Nissan ќе го претстави новиот теренец во април 2018 година
![Paladin](https://avtoplus.mk/wp-content/uploads/2017/11/Nissan-1000-1-780x405.jpg)
Ова ќе се случи за време на автосалонот во Пекинг, соопшти шефот на LCV-одделот на Алијансата Renault-Nissan-Mitsubishi, Ешвани Гупта, за Autocar.
Новиот модел ќе биде достапен во верзии со 5 и 7 места. Дизајнот ќе потсетува многу на Pathfinder, а ќе биде базиран на Nissan Navara. На повеќето пазари, новиот SUV ќе го замени досегашниот модел Patrol и ќе биде именуван како Paladin.
Автомобилот ќе има голема решетка на ладилникот, вертикално поставени предни светла и големо задно стакло. Во агрегатската понуда ќе се најде 2.5 литарскиот бензинец со 163 КС, како и неколку дизел мотори. Топ изведбата ќе добие 2.3-литарски дизел би-турбо со 187 КС.
Европската верзија на Nissan Navara дебитираше во 2015 година, а е опремена со 2,3-литарски DCI мотор со 4 цилиндри. Доаѓа во две верзии – 160 и 187 КС и може да се комбинира со 6-брзински мануелен и 7-степен автоматски менувач.